Ѓоковиќ на 37. роденден победи за пласман во четвртфиналето во Женева

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласира во четвртфиналето на турнирот во Женева, откако го совлада Германецот Јаник Ханфман со резултат 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Ѓоковиќ на својот 37-ми роденден, триумфално го започна турнирот во Женева, откако го прескокна првото коло, а до првиот сет стигна по паузата поради дождот што траеше околу еден час.

Во вториот сет Ханфман го „скрши“ Ѓоковиќ и поведе со 3-0, но потоа дојде до жесток пресврт од страна на српскиот тенисер кој освои шест гема во низа и со тоа обезбеди пласман во следната рунда.

На крајот од мечот организаторите на Ѓоковиќ му подарија торта, а на гледачите роденденска песна. Во следното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Денис Шаповалов и Талон Грикспор.