Ѓоковиќ на 20 недели до рекордот на легендарниот Федерер

Новак Ѓоковиќ со очајна игра и без многу борба дозволи Рафаел Надал да се прошета во вчерашното финале на Ролан Гарос и да ја освои својата јубилејна 20-та Грен слем титула.

Сепак, како мала утеха за српскиот ас, е фактот што со самото тоа што играше во финалето ја зголеми бодовната разлика во однос на Шпанецот (1.890), а од денес ја минута својата 290-та недела на врвот на АТП-листата.

Познато е дека меѓу најголемите приоритети на Ноле е до крајот на својата кариера да го симне од тронот легендарниот Федерер по бројот на недели на чело на АТП, а за тој успех му фалат уште 20 седмици, односно 140 дена. Иако има голема предност, математички Ноле сè уште го нема потврдено лидерското место до крајот на 2020 година, затоа што постојат теоретски шанси тоа место да му припадне на Надал. 

И по Ролан Гарос, Доминик Тием останува на третото место (9.125 поени), Роџер Федерер е четврти (6.630), додека Стефанос Циципас се проби на петтото место (5.925). Медведев падна на шестото место (5.890), Александар Зверев остана на седмата позиција (4.650), а за првпат во кариерата Диего Шварцман (3.180) се искачи на осмото место. Првите десет на листата ги комплетираат Матео Беретини (3.075) и Андреј Рубљев (2.974).