Ѓоковиќ: Можеби некому му смета мојата амбиција, но јас сакам да бидам најдобар во историјата

Новак

Новак Ѓоковиќ не крие дека до крајот на кариерата ќе игра да сруши уште неколку апсолутни рекорди кои моментално ги држи Роџер Федерер.

Тоа особено го потенцира во изминатиот период, кога стигна блиску до остварување на целта. Поради тоа доби негативни реакции од јавноста, која ја користи секоја прилика да го „пецне“ и да го искористи неговиот карактер кој го тера да не остане имун на тоа.

„Можеби некој мисли дека не треба да имам највисоки амбиции и истите не треба да ги вербализирам, но така ме воспитаа, тоа е мојот карактер и мојата личност. Ја вербализирам својата цел, а тоа е најдолго да бидам број еден. Тоа е мојот најголем приоритет. Знам како да најдам рамнотежа. Секако дека се понекогаш ќе имам дилеми околу сето тоа, но тоа е животот, секој ден учиш како се стекнуваш со ново знаење за себе“, изјави првиот светски рекет.

Ѓоковиќ заостанува само 19 недели од рекордното достигнување на Федерер, кој 310 недели стоел на највисокото место на АТП листата. Кога е во прашање бројот на Грен слем титули, српскиот ас има 17 и има три помалку од Швајцарецот и Рафаел Надал.