„Ѓоковиќ може да го престигне Федерер, но само под еден услов...“

Поранешниот тенисер Роберт Содерлинг во интервју зборуваше за Новак Ѓоковиќ и неговите шанси да го престигне Роџер Федерер по бројот на Грен Слем титули во кариерата.

Швеѓанецот истакна дека за тоа потребен е да се исполни еден услов, а тоа е Ноле да остане комплетно здрав и да избегне повреди во наредниот период.

„Ѓоковиќ имаше тежок период пред две години. На спротивната страна, Федерер немал ниедна сериозна повреда. Може да игра и понатаму ако нема такви повреди. Новак може да го престигне Федерер, меѓутоа потребен е да се исполни само еден услов, а тоа е да остане здрав. Може да игра во врвна форма и во наредните години, меѓутоа нема да биде лесно ако ритамот е напорен и ако телото се става под напор. Роџер иако има 38 години, игра врвен тенис и може пак да освојува титули“, изјави Содерлинг.

Федерер зад своето име има 20 Грен Слем титули, во кариера од 2003 до денес. На второто место е Рафаел Надал со 18 Грен Слем титули, а потоа следи Новак Ѓоковиќ со 16 титули.