Ѓоковиќ: Лани загубив од Тием, но сега знам како да го победам

Со по две победи и по еден пораз, Доминик Тием и Новак Ѓоковиќ обезбедија пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон, турнир кој е последен за оваа тениска сезона. 

Според сите очекувања, првиот рекет на светот е голем фаворит за пласман во финалето, а во пресрет на овој дуел самиот Ѓоковиќ вели дека знае како да го победи помладиот ривал.

„Имам огромна почит кон Доминик, кон неговата игра и работните навики. Секој пат кога игравме, на последните три или четири мечеви, тоа беше маратон, имаше одредена возбуда ... Ова е полуфинале, очекувам тешка борба, нема сомнеж во тоа.

Тој секогаш игра одлично тука. Лани го победи Роџер, па и мене. Тием е шампион, но ако играм како што посакувам, мислам дека јас ќе бидам првиот финалист“, рече Ноле.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Тием на програмата е од 15:00 часот, додека вечерва ќе се судрат Медведев и Надал.