Ѓоковиќ конечно врза серија добри резултати, во Рим го совлада и Басијашвили

Новакк

Тениските фанови во Рим уживаа во уште еден перфектен меч на Новак Ѓоковиќ. Србинот го совлада Николоз Басијашвили од Грузија (6-4, 6-2) и обезбеди пласман во третото коло.

По вчерашниот триумф над Долгополов, Ноле продолжи да покажува одлична игра на турнирот во Италија, каде ги прави последните подготовки пред Ролан Гарос. Се играше без предност за ниту еден од тенисерите до 5-4, а тогаш Ѓоковиќ направи клучен брејк и го освои првиот сет со 6-4.

Нешто порано си ја заврши работата во вториот сет во кој уште еднаш го одзеде сервисот на противникот за да извојува конечна победа од 6-2. Ова е третпат сезонава поранешниот светски рекет број еден да победи на два последователни меча.

Во следното коло тој ќе се сретне со Шпанецот, Алберто-Рамос Вињолас.