„Ѓоковиќ ќе се мачи на терените поради соработката со Енди Мареј“

Поранешниот британски тенисер, Тим Хенман, го изрази своето мислење околу најавената соработка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј. 

Хенман смета дека овој тандем може да биде успешен, но не е сигурен како Србинот ќе реагира на темпераментот на Мареј, кој отсекогаш важеше за импулсивен играч кој тешко ги контролира емоциите. 

„Знаете дека двајцата имаат жесток карактер на моменти. Ѓоковиќ знаеше често да вика по својот тим, но и Мареј не беше ништо подобар во тој сегмент.

Интересно ќе биде да се види како Ѓоковиќ ќе се мачи во првите мечеви, сигурно ќе има тензии и проблеми, но се надевам дека работите нема да излезат надвор од контрола“, изјави Хенман. 

Ѓоковиќ во моментов е седми тенисер на АТП листата и се подготвува за настап на Австралија Опен, кој ќе започне на шести јануари следната година.