Ѓоковиќ ќе прави подолга пауза и ќе го скокне Квинс за да се фокусира на Вимблдон

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по настапот на Ролан Гарос многу веројатно ќе земе подолга пауза и нема да игра на неколку турнири.

Според моменталниот распоред, Ѓоковиќ нема да игра на турнирот Квинс кој се игра на трева. Автоматски, тоа значи дека тој ќе загуби бодови, затоа што во ланското издание на овој турнир тој играше во финалето каде загуби од Марин Чилиќ.

Не е исклучена можноста Ѓоковиќ да настапи на Квинс доколку се чуствува одморено, но доколку не биде дел од турнирот, на АТП-листата ќе загуби 300 бодови.

Одморот што ќе го земе Ѓоковиќ ќе биде со цел подобро да се подготови за настапот на Вимблдон, Грен Слем турнир на кој ќе ја брани титулата. Турнирот на трева во Велика Британија се игра од 1 до 14 јули.