Ѓоковиќ ќе почека за реванш, Надал не доаѓа во Виена

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да игра на турнирот во Виена, иако организаторите направиле големи напори за да го донесат.

Надал испратил допис во кој стоел негативен одговор околу неговиот настап на турнирот. На спротивната страна, ќе настапи Новак Ѓоковиќ, кој е прв фаворит за титулата. Србинот загуби од Надал на Ролан Гарос и тоа убедливо, па ќе мора да почека за реванш.

Наредниот настап на Рафаел Надал на турнирите ќе биде во Париз. Предвидено е турнирот да стартува на 8 ноември.