Ѓоковиќ ќе мора против Федерер, „новата генерација“ во група со Надал

Денес во Лондон беше извршена ждрепката за завршниот турнир во Лондон. Истата беше одложена половина час и донесе интересни две групи.

Во групата „Андре Агаси“ ќе биде Рафаел Надал кој доколку се појави во „О2 Арена“ ќе разигрува против Данил Медведев, Александер Зверев и Стефанос Циципас.

На спротивната страна, во групата „Бјорн Борг“ ќе биде Новак Ѓоковиќ заедно со Роџер Федерер, Метео Беретини и Доминик Тием.

Турнирот се игра од 10 до 17 ноември, а титулата од минатата година ја брани Зверев.

Пред голем тест ќе бидат Надал и Ѓоковиќ кои водат голема борба за првата позиција на АТП листата. По овој турнир ќе биде познато името на победникот во овој директен дуел.