• Горан Упале
Новак Ѓоковиќ се пошегува на сметка на Ник Кирјиос и како Австралиецот не сака премногу да се истегнува. Кирјиос неодамна конечно заздрави од серијата повреди, а во Мајами ја забележа првата победа по две и пол години.
Ѓоковиќ, кој играше двојки со него во Аделаида на почетокот на сезоната, беше прашан и за физичката состојба на неговиот добар пријател.
„Му честитав и реков дека ми е мило, бидејќи знам колку проблеми имаше со повредите и враќањето на теренот. Одлично е што се враќа и игра добро. Мислам дека квалитетот воопшто не е проблем, тој само треба да остане здрав и да не се повреди“, рече Ноле.
Српскиот тенисер откри дека неговиот стил на загревање пред секој меч е сосема различен со оној на контроверзниот тенисер од Австралија.
„Кога игравме двојки во Бризбејн на почетокот на оваа година, се обидов да го наведам во тоа како се подготвувам, загревам, ладам... Секогаш пред загревање на теренот, поминувам еден час во теретана, правејќи го своето и истегнувајќи го секој мускул што го имам.
И тогаш се обидов да го „фатам“ и да го земам со себе. А тој побегна од мене и рече дека не е тој режим за него! Можеби тоа е причината зошто е толку често повреден. Се надевам дека повредите ќе го заобиколат“, заврши Ѓоковиќ.
Двајцата тенисери немаа успешен настап во Индијан Велс, а во Мајами ја поминаа првата пречка.