Ѓоковиќ како и сите фаворити, со убедлив настап го прескокна Колшрајбер

Новак

Дождливото време ги натера тенисерите во Рим да одиграат два меча во ист ден.

Успешните настапи на Рафаел Надал и Роџер Федерер беа проследени со втора победа и на Новак Ѓоковиќ. 

Првиот светски рекет го совлада Филип Колшрајбер (6-3, 6-0) за нешто повеќе од еден час игра.

Србинот одигра доминантно и го реши првиот сет во своја полза со ран брејк кој го задржа до крај. Во продолжението врза шест гема во низа и со „метла“ го обезбеди пласманот во следната фаза.

Четвртфинален противник утре ќе му биде неговиот добар пријател Хуан Мартин Дел Потро од Аргентина.