• Горан Упале

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, во интервју за „НБЦ 5“ зборуваше на многу теми, поврзани со тенисот, но и со неговото детство.
Српскиот ас се наврати на 1999 година и бомбардирањето на Србија од страна на НАТО. Ѓоковиќ се чудеше како е можно големите сили да се обединат и да се одлучат за такво нешто.
„Како е можно големите земји да се здружат и да бомбардираат мала земја? Да извадат беспомошни луѓе на улици и да уништат сè! Не можев да разберам. Нема оправдување за војна, нема оправдување за бомбардирање и уништување на нечиј дом. Тоа е најлошиот вид на суровост. Тоа многу ме налути и мене и сите во Србија. „Лузните“ и гневот и денес постојат кај сите нас во Србија. Но, работев на себе, на тие емоции, за да простам. Мора да научиш да простиш.
Луѓето во Србија страдаа многу во последните сто години. Само во Првата светска војна загинаа повеќе од милион Срби. Но, гледате, ова е на некој начин судбината на нашиот народ во овој регион. Сепак, верувам дека тоа може да нè направи посилни“, меѓу другото рече Ноле.
Во периодот кога на АТП тунрејата се кинеските турнири, Ѓоковиќ е на заслужен одмор по историскиот трофеј на УС Опен и својата 24-та Грен слем титула.