Ѓоковиќ ја започнува 333-та седмица на чело на АТП, нов пад на Надал

Новак финале

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 333-та недела како прв тенисер во светот. Тој одамна го урна рекордот на големиот ривал Роџер Федерер, кој застана на 310 недели како првопласиран тенисер, а српскиот ас денес сруши уште еден рекорд.

Оној на легендарната Мартина Навратилова, која зад своето име има 332 недели како прва на ВТА листата. Сега, Ноле ќе цели кон нов достиг, оној на Штефи Граф, која го држи рекордот со 377 недели на врвот.

Во ТОП 10 има само една промена. Рафаел Надал падна на четвртата позиција, а на третата се искачи со Стефанос Циципас. Данил Медведев е сè уште е втор, додека Надал го следат Зверев, Тием, Рублев, Беретини, Федерер и Шаповалов.

Kaj дамите, пак, Барти останува на лидерската позиција, а веднаш зад неа се Осака, Сабаленка, Кенин и Свитолина. Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа пад од две места и сега е на 342. позиција.