• Горан Упале

Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја започна 380. недела на чело на АТП листата. На листата нема промени, бидејќи Мастерсот во Индијан Велс започна кон средината на минатата недела, па играчите го задржаа истиот број на бодови што ги имаа пред седум дена. Така, Ѓоковиќ е прв со 7.160 поени пред Карлос Алкараз со 6.780 и Стефанос Циципас со 5.805.
Пред американската турнеја двајцата имаа можност да го прескокнат Србинот, но сега во таа трка остана само Шпанецот. Алкараз стигна до осминафиналето, додека Циципас неочекувано беше елиминиран во второто коло. Тоа го чинеше 35 поени, па во понеделник ќе падне на 5.770.
Што се однесува до Алкараз, тој брани полуфинале во Калифорнија, па доколку ја освои титулата би го вратил на врвот на АТП листата.
Дефинитивно од следниот понеделник ќе има промени во ТOП 10, најпрво Американецот Тејлор Фриц ќе падне за пет позиции и ќе биде десетти играч во светот. Каспер Руд ќе остане на четвртата позиција, додека Данил Медведев ќе напредува на петтото место, Андреј Рубљов на шестото, а Холгер Руне на седмото место.