• Горан Упале

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и оваа седмица ќе биде на врвот на АТП листата, што е негова 412-та недела која ја започнува како лидер. Колку е голема неговата доминација покажува податокот дека има 102 недели повеќе на првото место од Роџер Федерер, односно дури 203 повеќе од Рафаел Надал.
Веднаш зад најтрофејниот тенисер во историјата, кога се во прашање Грен слем титулите, е Шпанецот, Карлос Алкараз, кој заостанува околу 600 поени.
Трет тенисер во светот оваа недела е Данил Медведев од Русија, следен е актуелниот победник на Австралија Опен, Италијанецот Јаник Синер, додека на петтото место е уште еден Русин - Андреј Рубљев.
Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски забележа мал пад на листата и сега е 345 местото со 145 поени.