Ѓоковиќ ја искористи шансата за одмазда: Преку Чекинато до четвртфиналето во Шангај

Новак Ѓоковиќ историја

Србинот Новак Ѓоковиќ е третиот четвртфиналист на турнирот во Шангај. Тој го совлада Марко Чекинато од Италија (6-4, 6-0) и продолжи во својата намера да се искачи на врвот на АТП листата до крајот на сезоната. 

Првиот сет го доби со брејк во седмиот гем, кој траеше долго и со борба на двете страни. Сепак, српскиот тенисер покажа надмоќ и се избори за предност, која што ја задржа до крајот за 6-4.

Стартот на вториот сет беше најава на крајот на Италијанецот, кој ги загуби првите два сервиси и како да се откажа од намерата за ново изненадување. Ѓоковиќ одигра максимално до крајот и се одмазди за тешкиот пораз на Ролан Гарос оваа сезона.

Првиот четвртфинален пар го формираа Александар Зверев и Кајл Едмунд, а Ноле ќе го чека подобриот од дуелот Кевин Андерсон и Стефанос Циципас.