Ѓоковиќ израмни рекорд на Сампрас и Лендл, наредната година ги брка Конорс и Федерер

Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ направи доволно за да го обезбеди првото место на АТП листата на крајот од уште една календарска година.

Српскиот тенисер ја заврши сезоната со пораз во полуфиналето на завршниот турнир во Торино. Меѓутоа од претходно ја имаше остварено својата цел и ги одби сите налети на Данил Медведев. Ова ќе биде втора година во кариерата на Ѓоковиќ во која сите недели од една година ги помина на првото место на светската ранг листа. Со тоа се израмни со Пит Сампрас и Иван Лендл.

Пред него остануваат Роџер Федерер и Џими Конорс, кои во три наврати го направиме овој подвиг.