• Горан Упале

По извршената операција во Париз, Новак Ѓоковиќ ја напушти клиниката и испрати порака на социјалните мрежи. Ѓоковиќ на Инстаграм објави фотографија со сопругата Јелена и најблиските луѓе од неговиот тим. На истата се гледа дека Ѓоковиќ користи патерици.
„Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако го повредив менискусот за време на мојот последен натпревар. Сè уште го обработувам сето тоа, но со задоволство ве известувам дека операцијата помина добро. Го ценам тимот од лекари кои беа со мене, како и поддршката од моите навивачи. Ќе направам сè за да бидам здрав и подготвен за што побрзо да се вратам на терените. Мојата љубов кон спортот е силна, а желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме поттикнува. Одиме", напиша Ноле.
Се очекува Ѓоковиќ да биде надвор од терените околу три недели, што би значело дека ќе мора да го прескокне Вимблдон (почнува на 1 јули), но може да биде подготвен за ЛОИ во Париз кои започнуваат на 27 јули. Но, во каква форма ќе биде...