Ѓоковиќ испрати поддршка до Зверев: Тука сум кога и да му треба разговор...

Новак

Александер Зверев беше елиминиран од завршниот турнир во Лондон од страна на Новак Ѓоковиќ.

Германскиот тенисер минува низ тежок период од животот. Неговата поранешна партнерка Олга Шарипова го обвинува дека кон неа се однесувал насилнички.

Поради тоа Србинот јавно му испрати порака и му порача да го побара за разговор, доколку некогаш чувствува потреба да го направи тоа.

„Прочитав што се пишуваше, но не знаеме точно што се случило. Го познавам Александер од тинејџерските денови и имам добар однос со него. Секако дека не поддржувам никаков вид на насилство. Тука сум за да му помогнам на било кој начин. Доколку му се разговара на таа тема, слободно нека ме побара“, изјави српскиот ас по мечот.

Германецот одигра далеку под своите можности на овој турнир. На крај не успеа да го добие директниот судир со Ѓоковиќ, кој ќе му донесеше полуфинален судир со Тием.