Ѓоковиќ испрати емотивна порака до лондонските тениски фанови 

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ без многу проблеми ја запиша првата победа на Завршниот Мастерс во Лондон, последниот овосезонски собир од АТП турот.

По нешто повеќе од час игра во „О2 Арена“ надигран беше Аргентинецот Диего Шварцман, а по дуелот Србинот испрати порака до лондонските фанови, кои оваа година не можат да ги следат неговите настапи на овој Мастерс. 

„Овој формат е многу интересен, затоа што и да загубиш два натпревари во групата може да се пласираш во полуфиналето. Во оваа арена сум играл многу мечеви, многу финалиња и секогаш атмосферата беше фантастична. Но, сега е многу чудно што играме пред празни трибини, но оваа прилика ќе ја искористам да им испратам една порака до фановите: Ве сакам сите, ми недостигате“, рече Новак. 

Следен противник на Ѓоковиќ во Лондон е Русинот Медведев, кој вечерва за прва победа ќе се бори против Александар Зверев