Ѓоковиќ: Имам проблем на Ролан Гарос и се вика Рафаел, ако имате совет...

Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ даде интересна изјава за француските медиуми, во која се осврна на Ролан Гарос. Турнирот во Париз му претставува проблем, а главна пречка многу пати му бил Рафаел Надал. Србинот се пошегува и од новинарите побара мислење како да го реши својот проблем. 

„Имам проблеми на Ролан Гарос, а тој се вика Рафаел Надал. Сепак, ќе се обидам да го освојам трофејот. Ако имате совет како да го победам, ве молам, повелете. Еднаш ми успеа тоа, но губев многу често потоа. Мислам дека тоа е најголемиот предизвик во денешниот тенис“, изјави Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ само еднаш успеа да го освои трофејот на Грен слем турнирот во Париз во 2016 година, додека апсолутен лидер и „вледетел“ е Рафаел Надал со 13 титули. По Австралијан Опен, кој му припадна на Ноле, вториот Грен слем е закажан за средината на мај.