• Иван Димовски
Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето рекордно 14. полуфинале на Вимблдон, совладувајќи го Флавио Коболи со 3-1 во сетови, иако загуби го првиот. Српскиот ас и овојпат дојде до триумф преку пресврт, а по мечот се заблагодари на публиката во Лондон за поддршката.
„Честитки до Флавио за неверојатниот турнир и одличната партија денес. Тој има силни удари и одлични вештини, очекувам доста од него во иднина.
Во главата имам многу бројки. Вимблдон ми останува омилен турнир, а мило ми е што на 38 години можам да дојдам до завршницата. Благодарност и до публиката која ме поддржува и ми аплаудира, тоа ме прави помлад. Ете, Коболи е многу помлад од мене, но јас уживам да лизгам по теренот. Кога зборуваме за младите, ми следува меч со Синер и тоа ќе биде спектакл“, изјави Ѓоковиќ.
Во полуфиналната фаза српскиот ас налета на првиот светски рекет Јаник Синер.



