Ѓоковиќ има нов тренер-соработник за АТП турнирот во Женева

Новак Ѓоковиќ откри дека во неговиот тим се придружува нов соработник, а тоа е Душан Вемиќ. Српскиот ас изјави дека тренерот ќе биде со него на турнирот во Женева, каде ќе допатува заедно со Борис Бошњаковиќ, кој ќе ја има улогата на аналитичар и тренер-асистент. 

Новинарите ги интересираше кој ќе биде следниот тренер на Ѓоковиќ, но тенисерот рече дека не брза со таа одлука. 

„Со мене во Женева ќе бидат Душан Вемиќ, кој допатува од САД, а тука е и Борис Бошњаковиќ. Не брзам со одлуката за тренер, а во моментов не ни размислувам за тоа“, рече Ѓоковиќ. 

Србинот ќе стартува од осминафиналето во Женева, каде ќе се соочи со Унгарецот Мартон Фучович.