Ѓоковиќ игра за историски рекорди на денешното финале против Федерер

Новак Ѓоковиќ рекорди

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има можност да ја одбрани титулата на Вимблдон доколку денес во финалето го победи Роџер Федерер.

Евентуален успех ќе донесе историски рекорди зад името на првиот светски рекет. Тој ќе стане првиот тенисер кој има над 30 години во новата ера кој освоил две титули во низа на Грен слем турнирот во Лондон.

Исто така, тоа за него ќе биде четврт трофеј на големите турнири во четвртата декада од животот со што би се израмнил со Надал, Федерер и Лејвер.

Меѓусебните дуели се „виновни“ за фаворитската улога на Србинот на денешниот меч. Тој победил на осум од последните соочувања со швајцарскиот ас, што е показател за неговата доминација во последните неколку сезони.

Федерер на своја страна ќе ја има одличната форма, самодовербата по победата над Надал во полуфиналето и секако публиката во Лондон која секогаш му дава максимална поддршка.

Финалето е на програмата денес со почеток од 15:00 часот.