Ѓоковиќ и Тием одбија да излезат на терен, полуфиналето ќе се доигра утре!

Новак време

Србинот Новак Ѓоковиќ и неговиот противник во плуфиналето на Ролан Гарос, Доминик Тием од Австрија, одбија да се вратат на терен поради невремето во Париз.

Мечот е прекинат при резултат 1-1 во сетови и 3-1 предност во третиот сет за австрискиот тенисер.

Лошите временски услови ги примораа организаторите да го одложат мечот и истиот да го презакажат за утре. Тоа значи дека вториот патник и противникот на Рафаел Надал во финалето ќе се знае во текот на утрешниот ден.

Терминот се уште не е потврден, но се очекува дуелот да започне пред 15:00 часот, односно пред финалето во женска конкуренција.