Ѓоковиќ и Србија ќе ја бранат титулата на АТП Купот, пријавени и Тием, Зверев, Циципас...

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе го предводи српскиот тим во одбраната на трофејот од АТП Купот, кој ќе се одржи од 1 до 5 февруари во Мелбурн.

Вкупно 12 репрезентации ќе играат на АТП Купот, а покрај Србија, ќе настапат и репрезентациите на Шпанија, Русија, Германија, Канада, Австралија, Грција, Франција, Јапонија, Австрија, Италија и Аргентина.

На турнирот ќе настапат и други врвни тенисери како Доминик Тием, Данил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Диего Шварцман, Кеи Нишикори...

АТП Купот ќе послужи како загревање за најдобрите тенисери во светот за првиот Грен слем во сезоната, Австралијан опен, кој е на програмата од 8 до 21 февруари

Ждрепката е закажана за 20 јануари, а 12 екипи ќе бидат поделени во четири групи.

  • Пријавени тенисери за АТП Купот: