Ѓоковиќ и Федерер експресно до трето коло во Синсинати

Тениските великани, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ на експресен начин обезбедија третот коло на Мастерсот во Синсинати. 

Првиот рекет на АТП листата пред себе го имаше секогаш незгодниот Сем Квери, но шанса за надигрување му даде само во првиот сет, кој заврши со 7-5 во негова полза. Во вториот пак, Ноле доминираше и за половина час стигна до 6-1 и заслужена победа и пласман во осминафиналето. 

Федерер пак на терен се задржа само 62 минути, откако со 6-3 и 6-4 го совлада Аргентинецот Лондеро. Федекс одигра рутински меч, во ниту еден момент не дозволи Лондеро да го нападне на свој сервис, додека на мајсторски начин ги искористи грешките на противникот и со по еден брејк во двата сета запиша лесна победа. 

Во осминафиналето  Ѓоковиќ ќе се сретне со Баутиста-Агут, додека го чека победникот од мечот Рублев-Вавринка.