• Зоран Мишевски
Само што заврши првиот Мастерс турнир во 2025 година, веќе започнува вториот.
Новак Ѓоковиќ го дозна распоредот за претстојниот турнир во Мајами, каде ќе стартува во второто коло. Србинот во второто коло би можел да се соочи со сонародникот Хамад Меѓедовиќ, доколку тенисерот од Нови Пазар го елиминира Ринки Хаџикату. Доколку Новак ја оправда улогата на фаворит, Американецот Алекс Микелсен се предвидува да биде негов ривал во третото коло, а во потенцијално осминафинале би можел да се соочи со Лоренцо Музети или Феликс Оже-Алиасим. Во четвртфиналето ривал би бил Даниил Медведев, во полуфиналето со Карлос Алкараз.
Со оглед на тоа што во ждрепката на Новак се и играчи како Стефанос Циципас, Григор Димитров, Ник Кирјиос и Карен Хачанов, јасно е дека Ѓоковиќ ќе има исклучително тешка работа во Мајами.
Далеку полесен е долниот дел од костурот, во кој највисоко котира Александар Зверев, а уште се наоѓаат Дрејпер, Руд, Руне...