• Иван Димовски

Стандардно, на стартот на секоја седмица беше објавена новата АТП ранг-листа, а на неа има неколку промени на врвот.
Карлос Алкараз по настапот во финалето на АТП Умаг го скокна Стефанос Циципас и сега е на четвртото место со 5.035 поени, зад Надал, Зверев и Медведев кој е лидер.
Прогрес од една позиција забележа српскиот ас Новак Ѓоковиќ. Првпат по долго време Србинот профитираше на АТП листата, бидејќи Каспер Руд ги загуби ланските поени од Кицбухел. На осмото место е пласиран Андреј Рубљев пред Оже-Алијасим и Јаник Синер.
Младата македонска надеж Калин Ивановски на ова рангирање се најде на 1178. позиција во двојки, со напредок од осум места во однос на претходната седмица, а за него ова е најдобар пласман досега.