Ѓоковиќ губи поени пред Вимблдон, нема да настапи во Хале и Квинс

Новак Ѓоковиќ трева

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе направи голема пауза и нема да оствари никакви подготовки пред Вимблдон.

Според последните информации, Србинот ќе ги пропушти турнирите во Хале и Квинс и ќе загуби 300 поени. Сезоната на трева ќе ја започне на Грен слемот во Лондон, каде ја брани титулата од минатата година.

Организаторите му понудиле „специјални покани“ на српскиот тенисер, кој сепак по разговор со својот тим истите ги одбил и решил максимално да се фокусира на следниот голем турнир.

Сличен потег ќе направи и Рафаел Надал, а се чини дека двајцата ги следат постапките на Роџер Федерер и се обидуваат на секој начин да го сочуваат и да го одморат телото за најголемите предизвици.

Вимблдон започнува на први, а завршува на 15 јули, кога е закажано машкото финале.