„Ѓоковиќ го знае рокот за пријавување за АО, мора да дејствува брзо“

Новак Ѓоковиќ е во незавидна позиција, бидејќи властите во Австралија не попуштија и тој нема да може да настапи на првиот Грен слем турнир во новата година. Ситуацијата ја анализираше поранешниот светски број еден во дабл, Тод Вудбриџ.

„Луѓето од тимот на Новак се свесни за ситуацијата. Листата за пријава за Австралија Опен се затвора шест седмици пред турнирот, така што тоа е 6 декември. Реалнста е дека ако Ѓоковиќ сака да игра на АТП купот и да се припрема во Австралија, веројатно ќе мора да се вакцинира оваа седмица“, започна Вудбриџ.

Исто така, поранешниот австралиски тенисер се осврна на титулата за „ГОАТ“.

„Тука е и трката за ГОАТ, дебатата сè уште трае, а најголем можете да бидете само во својата ера. Ѓоковиќ изгледа дека е во својата, затоа е најважно да дојде да игра. Доколку не се појави, ризикува многу“, заклучи Вудбриџ.

Според најавите, во Австралија ќе се појави и ќе игра Рафаел Надал. Шпанецот заедно со Ѓоковиќ и Федерер е израмнет на врвот на листата за освоени Грен Слем трофеи со по 20, па има шанса ако повредата е надмината да брка нов. 

Австралија Опен е закажан да се одржи од 17 до 30 јануари.