ВИДЕО: Ѓоковиќ го започна турнирот во Бризбејн со лесен триумф над Хиџикита

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ја завршува 2024 година со победа остварена во првото коло на турнирот во Бризбејн, каде славеше над домашниот претставник Ринки Хиџиката со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3. 

Седмиот светски тенисер ја заврши работата за еден час и шеснаесет минути игра, со што си ги сочува силите за следните предизвици во подготовката за настап на Австралија Опен

Србинот лесно оствари пласман во осминафиналето во Бризбејн, каде ќе се соочи со францускиот ветеран, Гаел Монфилс