Ѓоковиќ го положи тестот, лесно го доби Оже-Алијасим пред Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на последниот тест пред Вимблдон. Третиот светски рекет со леснотија го победи Феликс Оже-Алијасим со 2-0 (6-2, 6-1), за час и 12 минути на терен во англиски Харлингем. 

Иако се очекуваше поголем отпор, Канаѓанецот беше немоќен против мотивираниот ривал. Ѓоковиќ работи на својата форма, со цел да се избори на трофејот на Вимлдон и да одржи чекор зад Рафаел Надал. 

Околу вчерашниот дуел, Оже-Алијасим дозволи брејк уште во првиот гем, а потоа повторно и во седмиот, па Србинот ја искористи втората сет-топка за 6-2. Вториот сет тргна израмнето, меѓутоа по 1-1, Ѓоковиќ уфрли во брзина повеќе и дојде до убедливи 6-1 за победата. 

На Вимблдон, Ѓоковиќ е прв носител, во отсуство на Данил Медведев и Александар Зверев. Оваа година АТП нема да додели бодови по третиот Грен Слем, но титулата е и натаму важна за Ѓоковиќ и Надал.