ВИДЕО: Ѓоковиќ го подари победничкиот рекет, детето полуде од радост

Новак

Новак Ѓоковиќ направи пресврт во финалето на Ролан Гарос против Стефанос Циципас и стигна до 19. Грен слем титула во кариерата.

Медиумите често го осудуваат српскиот тенисер поради бурниот карактер, кој понекогаш знае да го покаже на терените. Меѓутоа сите знаат дека тој има и спротивна страна, која му носи симпатии од пошироката јавност.

По мечот во Париз, првиот светски ас го подари победничкиот рекет и предизвика неизмерна среќа кај едно дете на трибините.

На патот до трофејот, Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал во полуфиналната фаза, кој важеше за прв фаворит на овој турнир.