Ѓоковиќ го победи Сонего и закажа меч за трофејот со Надал во Рим!

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ успеа да го победи Лоренцо Сонего (2-1) во полуфиналето на АТП Мастерсот во Рим и се пласира во мечот за трофејот, каде што од претходно чекаше Рафаел Надал

Српскиот ас добро го отвори дуелот со Италијанецот, прв зеде брејк и убедливо поведе со 4-1, а потоа рутински го освои првиот сет. Сепак, во вториот Сонего пружи силен отпор. Двајцата беа сигурни на свој сервис, за во финишот да дозволат по еден брејк. Во тај-брејкот Сонего успеа да го надигра Ноле и дојде до израмнување. Сепак, тоа само го разлути Србинот кој со експресни 6-2 го исфрли ривалот. 

По денешните резултати, според очекувањата во финалето во Рим ќе се пресметаат добро познатите ривали. Ѓоковиќ ќе го предизвика Надал во мечот за трофејот утре со почеток од 17:00 часот.