Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Париз

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ уште една седмица ќе гледа од највисоко на АТП ранг-листата, а убедливата предност што ја има во однос на второпласираниот Рафаел Надал, му дава можност за мала опуштеност. 

Српскиот ас се реши на токму таков потег, откако го откажа учеството на претстојниот Мастерс во Париз, кој е последен од Mастерс-серијата. 

Ѓоковиќ поради тактични причини донесе одлука да го прескокне турнирот во престолнината на Франција. Поточно, тој го користи правилото воведено за време на пандемијата, во кое не се губат многу бодови доколку скокнеш одреден турнир.

Така, Рафаел Надал ќе остане речиси без конкуренција на овој Мастерс, а со евентуална победа ќе ја намали негатива во однос на Ѓоковиќ за 500 поени (1.380).