• Саше Љолес
Србинот Новак Ѓоковиќ успешно го започна АТП Мастерсот во Шангај и го совлада Хрватот Марин Чилиќ во второто коло со конечни 2-0, по сетови 7-6/2 и 6-4.
Мечот траеше еден час и 55 минути, а Ѓоковиќ мораше добро да се испоти против 97. тенисер во светот, кој пружи силен отпор во двата сета.
Српскиот ас беше безгрешен во клучните моменти и го покажа своето огромно искуство, на крајот триумфирајќи со 2-0. За Ѓоковиќ ова беше дваесетта победа во вкупно 22 меча против овој ривал.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Германецот Јаник Ханфман, кој беше подобар од Американецот Франсис Тиафо.

