• Горан Упале

Новак Ѓоковиќ забележа уште еден неверојатен рекорд во кариерата, бидејќи во понеделникот ја започна 378-та недела на врвот на АТП листата, со што го престигна рекордот на легендарната Штефи Граф.
Ѓоковиќ за првпат на врвот се искачи на 4 јули 2011 година, кога имаше 24 години и 43 дена. Оттогаш поминаа помалку од дванаесет години, а тој сè уште е тука.
Србинот во март минатата година ги престигна Федерер (310), а сега е прв со 6.980 поени. Карлос Алкараз беше блиску до изедначување по бројот на поени, ќе го направеше тоа ако го освоеше трофејот во Рио, но и во тој случај Ѓоковиќ ќе беше прв, затоа што ќе имаше поголем број на поени од поголемите турнири. Во најновата листа на третото место застана Стефанос Циципас, додека четврти е Каспер Руд.
Тејлор Фриц за првпат во кариерата е меѓу петмината најдобри, на петтото место, Рафаел Надал падна за две места и сега е осми, а меѓу нив се Андреј Рубљев и Данил Медведев.