• Саше Љолес

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, изјави дека следната сезона сака уште повеќе да ги помести границите на успехот и да испише нова славна страница во неговата кариера.
Ѓоковиќ има шанса да стане првиот тенисер во историјата со вкупно 25 Грен слем трофеи, а тоа може да го стори веќе на првиот годишен турнир, Австралија Опен.
„Гладен сум за нови успеси. Сакам да освојувам трофеи, особено оние од Грен слем турнирите, Телото ми дава знаци дека уште можам да играм на највисоко ниво.
Целта е да испишам нова страница во историјата и да ги поместам границите на успехот. Нема да се предадам лесно, знам дека можам да прикажам уште многу феноменални партии“, рече Ѓоковиќ.
Седмиот светски тенисер се подготвува за настап во Мелбурн, каде повторно се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на престижниот трофеј.