• Горан Упале
Новак Ѓоковиќ повторно ќе го облече дресот на Србија, а пред дуелите со Грција во Дејвис Купот истакна дека можеби последен пат ќе настапува за репрезентацијата пред домашните навивачи.
„Последен пат кога играв пред домашните навивачи беше во „Пионир“ пред седум години и не знам дали некогаш повторно ќе играм овде до крајот на мојата кариера. Затоа ги повикувам сите да дојдат и да нè поддржат.
Најмногу сум мотивиран на Грен слемовите и играњето за репрезентацијата. Мило ми е што сè уште му стојам на располагање на селекторот Виктор Троицки, кого го познавам од детство. Покрај златниот медал од Париз и првиот Вимблдон, би го издвоил тој Дејвис Куп во 2010 година како најемотивни моменти во мојата кариера“, рече Ѓоковиќ.
Мечевите меѓу Србија и Грција за место во Светската група во Дејвис Купот ќе се играaт на 14 и 15 септември во Белград.