• Мартин Танасковски

Новак Ѓоковиќ со голем пресврт го започна настапот на Мастерсот во Париз, откако по три сета го совлада Валентан Васеро со 6-7(5), 7-5, 6-1 и се пласираше во второто коло на турнирот.
Српскиот тенисер по натпреварот призна дека имал сериозен предизвик против тенисерот од Монако, кој зад себе имаше одлична недела, но не пропушти да се пошегува на сопствена сметка поради годините.
„Навистина беше тешко, но го очекував тоа по неговата одлична недела. Ги искористив грешките, успеав да победам. Беше напорно поради долгите размени на удари во третиот сет. Сепак, не е лошо за еден старец, така?. Луѓето мислат дека сум многу стар и бавен, но некако успевам да најдам начин да победам во вакви натпревари“, изјави Ѓоковиќ.
39-годишниот Србинот во второто коло на турнирот во Париз ќе се соочи со австралискиот тенисер Ринки Хиџиката.
