Ѓоковиќ ги надмина Федерер и Надал по бројот на титули на „големите“ турнири

Ѓоковиќ Надал Федерер

Со победата на Мастерс турнирот во Париз, Новак Ѓоковиќ застана на чело на големата тројка, кога се во прашање титули на „големите“ турнири.

Колекцијата на Србинот сега брои 55 трофеи, еден повеќе од двајцата големи ривали на тениските терени. Тој има 16 Грен слем, 34 Мастерс и пет титули на завршниот турнир во Лондон.

Федерер има 20 Грен слем трофеи, но заостанува во Мастерс победите со 28, а на крајот од сезоната се радувал во шест наврати.

Идентична бројка како него има Надал со 19 Грен слем, 35 Мастерс и ниту една титула во англиската престолнина.

До крајот на тековната сезона има уште една „голема“ титула за освојување. Останува да видиме кој ќе ја освои и кој ќе го искористи турнирот за да ја остане на врвот на АТП листата на крајот од годината.