Ѓоковиќ: Едвај ги чекам ЛОИ во 2021 година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со фотографија на социјалните мрежи најави дека едвај го чека настапот на Летните олимписки игри кои се преместени поради коронавирусот.

Големиот спортски настан требаше да се одржи во 2020 година, но, поместен е за 365 дена и ѓе биде во 2021 година. Еден од најдобрите светски тенисери смета дека одлуката е правилна.

„Тажен сум што се одложени Лeтните Олимписки Игри, ама сигурен сум дека одлуката е правилна поради колективното здравје. Едвај ги чекам игрите кои ќе се одржат во 2021 година“, истакна Ѓоковиќ.

Ноле сонува за злато на Летните Олимписки Игри со репрезентацијата на Србија. Досега на Олимписките игри тој има еден медал, бронзен, во Пекинг, 2008 година.