Ѓоковиќ е неприкосновен фаворит во Лондон, еве ги неговите импресивни бројки

Новак

Никој не се сомнева дека Новак Ѓоковиќ е фаворит број еден на завршниот турнир во Лондон.

Србинот има далеку подобри бројки во однос на конкуренцијата, која го вклучува и Рафаел Надал. Ниту шпанскиот тенисер не може да се споредува со лидерот на АТП ранг листата, кога се во прашање настапите на последниот голем турнир во сезоната.

Ѓоковиќ има вкупно 36 победи и заостанува само зад Иван Лендл (39) и Роџер Федерер (59). Тоа значи дека има еден триумф повеќе од сите останати учесници во овогодишното издание. Надал има 18, Зверев стои на седум, а потоа следуваат Тием со шест и Циципас со четири.

Српскиот ас пет пати се радувал на трофејот. Во таа категорија го следат само Циципас и Зверев кои еднаш го освоиле овој турнир. Останатите биле финалисти или се дебитанти.

Турнирот во Лондон започнува денес, а шампионот ќе биде познат за една недела. Титулата од минатата година ја брани Гркот Циципас.