Ѓоковиќ е голем човек, нов гест кој го потврдува тоа

Новак Ѓоковиќ терени

Новак Ѓоковиќ покажува од ден на ден дека е само еден обичен човек и дека не живее во облаци поради својата огромна популарност.

Српскиот ас, кој ја заврши годината на првото место, им обезбеди на сите тенисери од регионот бесплатни услови за работа. Неговиот центар е отворен за сите заинтересирани, кои ќе добијат храна, топчиња и сместување.

Оваа зима балканските играчи не мора да се грижат каде да одат на подготовки за новата сезона. Тоа можат да го направат во центарот на Ѓоковиќ кој се наоѓа во Белград.

Потврда дека оваа информација е вистина пристигна од Инстаграм профилот на тренерот на Дамир Џумхур:

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Petar Popovic (@spajn)