Ѓоковиќ е ЕДИНСТВЕН во едно нешто – донира во три земји во борбата со ковид-19

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за време на кризата со ковид-19 ја покажа својата голема страна, иако беше на големо критикуван поради организацијата на турнирот „Адрија Тур“ каде се појавија заразени со опасниот вирус.

Сепак, Ѓоковиќ имаше добра намера, тоа е да им помогне на спортистите кои во тој период беа без никаква заработка. Уште еден податок кој се појави во јавноста уште еднаш ја потврдува големината на Србинот.

Светскиот рекет број еден е единствениот професионален спортист што направил три посебни донации во три различни земји во борбата со ковид-19. Тоа се Србија, Шпанија и Италија.

За оние што беа во Шпанија и Италија, Ѓоковиќ сакал да остане анонимен, меѓутоа веста се проширила во јавноста.