Ѓоковиќ доминантно го започна Шангај: За час време го „збриша“ Шаповалов

Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните игри по повредата на рамото. Откако на перфектен начин, без загубен сет триумфираше во Токио, денес беше фантастичен и на првиот меч на Мастерсот во Шангај.

Српскиот тенисер експресно се пласира во осминафиналето на турнирот во Кина, откако за нешто повеќе од еден час го збриша Шаповалов со 2-0 во сетови и на еден начин му се реваншира за поразот во Британија од пред три месеци. 

Двата сета Ѓоковиќ ги одигра „докторски“ и со три брејка, со 6-3, 6-3 заслужено славеше на овој меч. 

Во борбата за осумте најдобри, Ѓоковиќ го чека дуел со секогаш незгодниот американски џин, Џон Иснер, кој денес лесно го совлада Пуј.