Ѓоковиќ домаќин, Вавринка и Монфис на турнирот во Бања Лука

Неодамна најавениот турнир од АТП 250 серијата, кој треба да се одржи во Бања Лука, ќе добие уште поквалитетни натпреварувачи во програмата. Домаќин на „Српска опен“ е најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а на „менито“ ќе има навистина интересни мечеви. 

Турнирот ќе се одржи од 16 до 23 април во Бања Лука и ќе биде празник за љубителите на тенисот и спортот. Тенисери кои неодамна го потврдија своето учество ќе бидат Стас Вавринка кој сака да ја крене малку својата форма и долгогодишниот пријател на Ѓоковиќ, Гаел Монфис. 

Организаторите изјавија дека се во преговори со уште неколку квалитетни тенисери, меѓу кои е и победникот на минатогодишниот турнир во Белград, Русинот Андреј Рубљев. Можно е учество и на неговиот сонародник, Карен Хачанов, како и Американецот Френсис Тиафо. 

Со сите овие одлични тенисери, турнирот во Бања Лука ќе биде навистина интересен за следење и сите очекуваат квалитетни и возбудливи мечеви.