Ѓоковиќ: Докажав дека човек од мала држава може да победува во спорт на западните држави...

Новак

Новак Ѓоковиќ ја оправда улогата прв фаворит на Вимблдон и ја освои титулата, со триумфот над Матео Беретини во неделното финале.

>>> Ѓоковиќ го освои Вимблдон и се израмни со Федерер и Надал на вечната листа!

Српскиот тенисер уште еднаш докажа дека е најдобар меѓу конкуренцијата во денешно време. Со бројката од дваесет Грен слем трофеи се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал, што го прави еден од најголемите на сите времиња.

„За мене, не е товар да ја претставувам Србија во светот како спортист, напротив. Сакав да се докажам во еден ваков глобален спорт, кој е претежно спорт на западниот свет. Сакав да дојдам и да ги нарушам плановите на некои западни држави. Мислам дека успеав во тоа. Чест ми е што сум во позиција да го носам грбот и знамето на мојата држава каде и да играм", изјави првиот светски рекет.

Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата, а пред себе сега има предизвик да оствари највисок пласман на Летните Олимписки Игри и УС Опен.

Најнови вести од
Вимблдон